ONE лого

ONE - нов бренд на телекомуникацискиот пазар

Скопје, 11 ноември, 2009

COSMOFON, On.net и Germanos го претставуваат новиот бренд - ONE под којшто ќе работат во иднина, консолидирајќи ја својата позиција во рамките на групацијата Телеком Словенија – оператор со широко присуство во Југоисточна Европа. На прес конференцијата што се одржа на 11 ноември, 2009 во Скопје, Главниот извршен директор на ONE г.Оливер Понсен, Главниот оперативен директор на ONE, Дејан Калиников и Претседателот на управниот одбор на Телеком Словенија, г. Бојан Дремељ го претставија новиот бренд на компанијата, осврнувајќи се на клучните моменти поврзани со процесот на ребрендирање и идните планови на компанијата.

Компаниите го менуваат дизајнот и бојата на своето лого како и дизајнот на своите продажни салони, амбалажата на своите производи и корпоративната веб страница со што од денеска меѓусебната синергија станува уште повидлива.

ОNE е првиот оператор во земјата со комплетно портфолио на високо – квалитетни и уникатни производи и услуги. Визијата на ОNE е да прерасне во компанија што ќе значи синоним за комуникација и за забава без граници.

“Ребрендирањето е прекрасна алатка со којашто можеме да спроведеме некои, и повеќе од потребни, промени во бизнисот како и да дефинираме повеќе ефикасни процеси, да ја подобриме комуникацијата, да воспоставиме дијалог и.т.н. Ова исто така ќе вклучи промени во нашата маркетинг стратегија и рекламирањето во иднина. ONE е првиот провајдер со целосна комуникациска понуда на македонскиот пазар којшто нуди мобилна и фиксна телефонија, интернет и ТВ. Никој друг на пазарот нема толку комплетна понуда што може да ги задоволи и комуникациски потреби и на најпребирливите корисници, а ONE е првиот и единствениот!”, изјави Генералниот извршен директор на ONE, г.Оливер Понсен.

“ONE и понатаму ќе ги нуди своите производи и услуги по најконкурентни услови на пазарот, со транспарентно прикажување на она што корисниците треба да го платат за истите, без сокривање на одредени трошоци и користење на маркетиншки трикови во привлекувањето на нови и задржувањето на постојните корисници”, потенцираше Главниот оперативен директор на ONE, г. Дејан Калиников.
Зборувајќи за ребрендирањето на компанијата, претседателот на Управниот одбор на Телеком Словенија, г.Бојан Дремељ рече: ”Уверен сум дека и корисниците позитивно ќе ја прифатат промената, а сето тоа ќе доведе до уште посилен настап на компанијата на локалниот телекомуникациски пазар. Воедно им честитам на сите вработени во ONE на ова прекрасно достигнување и на новиот роденден. Тие имаат силен, модерен и препознатлив, младешки и креативен бренд целосно поддржан од Телеком Словенија на што треба да се горди”.   
Производите на ONE ќе бидат достапни во неколку типови продажни места. Продажни места ONE во кои ќе се нудат само услуги и продажни места  ОNE2ONE во кои ќе се нудат и производи и услуги. Дополнително, услугите ќе бидат понудени и во рамките на целата дистрибутивно/продажна мрежа на ONE, односно преку партнерите на ONE.
Телеком Словенија потпиша договор за купопродажба на крајот на март и во април доби одобрение за аквизиција од македонската Агенција за заштита на конкуренцијата. ONE е во целосна сопственост на Телеком Словенија.
Мрежата на ONE покрива 99,9% од населението и 98,17% од територијата на Република Македонија со квалитетен сигнал. ОNE има 226 роаминг партнери во 105 земји и нуди GPRS роаминг со 67 оператори во 39 земји на сите континенти.